Утрински Весник
Македонија

Нови 64 пациенти за 24 часа хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

Нови 64 пациенти за 24 часа хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти, а 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Според МЗ, во изминатите 24 часа дома биле пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти, известуваат од таму.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Надлежните додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови бил стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информираат од здравство.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон