Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на Клиниката за инфективни болести и две во ГОБ „8 Септември“.
-Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај. Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 797, активни 240
• Куманово – 448, активни 42
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 61, активни 26
• Прилеп –211, активни 43
• Тетово – 191, активни 69
• Струга – 79, активни 11
• Велес – 129, активни 30
• Битола –28, активни 6
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 32, активни 1
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.
Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.
Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116 и МАНУ -112. Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19. сст/лв/