Утрински Весник
Македонија

Нови 504 ковид позитивни – пријавени се две починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

dobivaj vesti na viber

Направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на КОВИД-19: Скопје – 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции.

Регистриран e 321 оздравен пациент од: Скопје – 166, Битола – 24, Куманово – 16, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 14, Велес и Штип – по 12, Гостивар – 9 , Пробиштип – 6, Прилеп и Неготино – по 5, Радовиш и Крива Паланка – по 4, Кочани, Гевгелија и Валандово – по 3, Струмица – 2, Делчево, Дебар, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.06.2022 и 30.06.2022г.

Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година