Утрински Весник
Македонија

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19, од кои: 19 во Скопје, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, по два во Прилеп, Струмица и Валандово и по еден во Велес и Гостивар.

Регистрирани сe и 14 оздравени пациенти, седуммина од Скопје, Тетово – 5 и по еден од Куманово и Струмица.

Во измнинатите 24 часа не се пријавени смртни случаи.

Направените 3.593 теста се преку: ИЈЗ – 110, ЦЈЗ Скопје – 66, ЦЈЗ Битола – 59, ЦЈЗ Прилеп – 28, ЦЈЗ Тетово – 29, ЦЈЗ Куманово – 31, УК Пулмологија со алергологија – 8, ГОБ „8 Септември“ – 16, Институт за микробиологија – 21, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 61, „Авицена“ – 207, „Биотек“ – 105, „Систина“ – 62, лабораторија „Лаор“ – 306, „Синлаб“ – 119, „Ремедика“ – 10, „Плодност“ – 31, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 500, „ВФВ медикал“ – 23, „Ели медика“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.792.

Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.171, бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68.842, Активни 130
Куманово 8.923, Активни 41
Прилеп 8.337, Активни 9
Тетово 7.402, Активни 100
Битола 6.315, Активни 5
Велес 5.479, Активни 5
Гостивар 5.210, Активни 22
Кавадарци 5.156, Активни 1
Охрид 5.025, Активни 6
Штип 4.964, Активни 3
Струмица 4.132, Активни 6
Струга 2.986, Активни 5
Кочани 2.796, Активни 4
Кичево 2.609, Активни 10
Гевгелија 2.196, Активни 1
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.526, Активни 1
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.162, Активни 1
Берово 1.032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 949, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 670, Активни 3
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК