Утрински Весник
Македонија

Нови 36 случаи на коронавирус, тројца починати, 18 излечени

Потврдени 54 нови случаи на Ковид 19, починаа 6 пациенти – регистрирани 42 оздравени

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85  и 77 години. Во денешната евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Струшко Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Како што се наведува во соопштението, денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминале 11 пациенти, двајца од болницата во Дебар, а регистрирани се  и петмина оздравени пациенти (два од Кочани и три од Скопје) кои се лекувале во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови најмногу во Скопје-22, следат Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со новозаболените вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:  Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43, Битола –16, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, и по два во Пробиштип, Кичево и Неготино.

Во изминатото деноноќие направени се 437  теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен факултет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно  10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се пет нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54.  Од нив 18 пациенти се на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, од нив еден  веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно седум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат осум ковид позитивни пациенти, од кои три лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се две лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од седум пациенти, два хоспитализирани и пет кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани осум, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, стои во соопштението од Министерството за здравство. вг/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)