Утрински Весник
Македонија

Нови 30 случаи со коронавирус, вкупно 384

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи позитивни на коронавирусот во државава, и тоа 12 во Скопје, осум во Куманово, девет во Прилеп и еден во Крива Паланка, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 195, Куманово – 62, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 21, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 2 и Кочани – 1 случај.

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста од кои 177 преку Институтот за јавно здравје, 20 преку Ветеринарен факултет, 21 преку Авицена, 24 преку Биотек, 100 преку Клиниката „Жан Митрев“.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен