Утрински Весник
Македонија

Нови 28 случаи со коронавирус, еден починат и 48 излекувани

Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со Ковид-19 и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Прилеп – 9, Тетово – 2, Велес – 3 и Валандово – 1. Во ГОБ „8 Септември“ почина 51-годишен пациент од Скопје, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, регистрира 48 излекувани пациенти од кои шест пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола – 1, Скопје – 19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш – 4.

Со новозаболените 28 случаи, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава изнесува 1.259 и тоа во Скопје – 422,  Куманово – 342, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 126, Тетово – 62, Струга – 55, Велес – 62, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста од кои преку ИЈЗ – 417, преку Ветеринарен факултет -14, Авицена –11, Биотек –46, Клиника „Жан Митрев“ –141  и Систина со PCR метода – 31.  Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени седум пациенти, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти од кои 21 се на кислородна поддршка, а четворица се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се осум пациенти, а на респираторна машина се четворица пациенти.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19, информираат од Министерството за здравство. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме