Утрински Весник
Македонија

Нови 25 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.817, оздравени осум, тројца починати

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, Тетово ново жариште

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира осум оздравени пациенти и тоа во: Скопје – 7 и Прилеп – 1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60 г.), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (59 г.), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51 г.) хоспитализиран на 4 мај. Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 628, активни 152
•       Куманово – 416, активни 31
•       Дебар – 51,
•       Штип-36, активни 2
•       Прилеп –200, активни 63
•       Тетово – 147, активни 79
•       Струга – 70, активни 4
•       Велес – 121, активни 50
•       Битола –27, активни 8
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5,
•       Гостивар –19, активни 2
•       Гевгелија – 4,
•       Струмица – 2,
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4,
•       Крушево – 3,
•       Кочани – 31, активни 4
•       Пробиштип – 2,
•       Кичево – 2,
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1,
•       Македонски Брод – 2,
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1,
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2,
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1

Направени се 286 теста и тоа се преку: ИЈЗ –165, Клиника „Жан Митрев“ –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 48 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, а со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме