Утрински Весник
Македонија

Нови 23 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 111 пациенти

ЕДЕН: Да се дополнат владините мерки за спречување коронавирус

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти, и тоа во Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка  од Гостивар на 59 години, соопшти Министерството за здравство.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од  околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 498, Куманово – 389, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –150, Тетово – 82, Струга – 66, Велес – 71, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на Ковид-19, наведува Министерството.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а уште петмина се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на Ковид-19. нд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење