Утрински Весник
Македонија

Нови 23 потврдени случаи на КОВИД-19, еден починат и 9 оздравени

Нови 23 потврдени случаи на КОВИД-19, еден починат и 9 оздравени

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Нови 23 случаи на КОВИД-19 се потврдени во текот на изминатото деноноќие со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1.921. Институтот за јавно здравје регистрира и едно починато лице и девет оздравени пациенти.

Починатиот е 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој вчера со симптоми на вирусот бил примен во ГОБ „8 Септември“, а денеска е потврдено дека бил позитивен.

Најголем број од новозаболените се од Скопје -12, по што следуваат Куманово и Тетово со 4, Прилеп – 2, и Неготино еден пациент.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања од кои 365 се во рамки на скринингот.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се оздравени 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 422.

Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 685, активни 178
•       Куманово – 423, активни 27
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-38, активни 3
•       Прилеп –206, активни 56
•       Тетово – 165, активни 76
•       Струга – 71, активни 4
•       Велес – 127, активни 49
•       Битола –28, активни 9
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –21, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 1
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 0
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1
•       Свети Николе-1, активни 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!