Утрински Весник
Македонија

Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно 1.421, шест починати и 36 излекувани

Што е вирусно оптоварување и зошто е опасно и за здравствените работници?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти и тоа во Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на Клиниката од 19 април и 63 – годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден, посочуваат од Министерството.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи со Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1. Со ова вкупната бројка дијагностицирани со Ковид-19 во земјава изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 486, Куманово – 378, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 65, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 7, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2,       Неготино – 5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2.

Направените 362 теста се преку Институтот за јавно здравје – 203, Ветеринарен факултет – 8 , Авицена –11, Биотек – 45, Клиника „Жан Митрев“ – 48, Систина со PCR метода – 25  и МАНУ – 22.  Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се пет нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се тројца пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска. Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се тројца пациенти, а шест се на респираторна машина.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат шест пациенти, а осум се следат на домашно лекување. Во Клиничката болница во Штип на болничко лекување има двајца пациенти, а на домашно лекување се следат уште шест пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид -19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Кризи на максимум, промени на минимум, што навистина ќе се менува во 2026?

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени