Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, во Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.
Во изминатите 24 часа, како што информира Министерството за здравство, направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 563, активни 128, Куманово – 408, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –178, активни 58, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2 и Берово-1, активни 1.
Направените 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на Ковид-19.
Како што информира Министерството, изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.
Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно седум, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19. мс/сп/