Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19 и тоа во Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, починаа 58- годишна пациентка од тетовско Желино, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 – годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. Двете пациентки имале и висок крвен притисок.
Во ГОБ „8 Септември“ почина 47-годишен пациент од Куманово, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и 66-годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи со Ковид – 19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1.399, а последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 475, Куманово – 376, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2.
Направените 289 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје –226, Ветеринарен факултет – 9 , Авицена –12, Систина со PCR метода – 38 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив, 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се седум пациенти, а четири се со потешка клиничка слика.
Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани седум лица, а се следат вкупно осум пациенти во домашно лекување, додека во Клиничката болницаа во Штип се лекуваат двајца пациенти, а се следат уште девет. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/ац/