Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3487, активни 1941
 •       Куманово 805, активни 197
 •       Дебар 116, активни 64
 •       Штип 394, активни 160
 •       Прилеп 283, активни 53
 •       Тетово 789, активни 373
 •       Струга 274, активни 173
 •       Велес 198, активни 44
 •       Битола 63, активни 22
 •       Охрид 209, активни 180
 •       Кавадарци 21, активни 15
 •       Гостивар 173, активни 103
 •       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
 •       Струмица 17, активни 9
 •       Крива Паланка 17, активни 11
 •       Радовиш 4, активни 0
 •       Крушево 7, активни 3
 •       Кочани 75, активни 18
 •       Пробиштип 28, активни 17
 •       Демир Хисар 2, активни 1
 •       Македонски Брод 6, активни 4
 •       Пехчево 6, активни 2
 •       Берово 3, активни 0
 •       Валандово 6, активни 2
 •       Виница 4, активни 1
 •       Делчево 1, активни 0
 •       Кратово 5, активни 2
 •       Свети Николе 47, активни 42
 •       Кичево 49, активни 40
 •       Ресен 122, активни 84
 •       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 373
 •       Аеродром – 154
 •       Бутел – 167
 •       Гази Баба – 192
 •       Центар – 144
 •       Карпош – 158
 •       Сарај – 140
 •       Кисела Вода – 108
 •       Ѓорче Петров – 109
 •       Студеничани – 107
 •       Шуто Оризари – 91
 •       Арачиново – 50
 •       Илинден – 32
 •       Петровец – 17
 •       Чучер Сандево – 18
 •       Сопиште – 9
 •       Зелениково-8
 •       Странец – 2
 •       Нераспределен- 62


