Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години, кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.
Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи со коронавирус и тоа во Скопје – 28, Куманово – 44, Дебар – 2, Штип – 1, Прилеп – 11, Тетово – 5, Струга – 1, Велес – 4, Битола – 6, Кавадарци – 1, Гостивар – 2, Кочани -1, Кичево -1.
Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306
Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7
Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3
Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2
Во изминатото деноноќие направени се 660 тестови и тоа преку ИЈЗ – 468 , преку Ветеринарен факултет – 21, Авицена – 22 , Биотек – 23 и Клиниката „Жан Митрев“ – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Осумнаесет пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се осум пациенти, а на респираторна машина се шест пациенти. Во Битола се хоспитализирани вкупно осум пациенти од кои двајца се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште осум пациенти. Во Клиничката болница во Штип се лекуваат осум пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови, стои во соопштението. рп/дма/