Утрински Весник
Македонија

Нови четири случаи на прекршување на полицискиот час во Тетово

Четири лица управувале возила за време на полицискиот час во Радовиш

Тетово, 2 април 2020 (МИА) – Четири лица го прекршиле полицискиот час изминатата ноќ во Тетово, инфомира тетовската полиција. Сите биле приведени во полициска станица, по што за нив ќе бидат поднесени пријави согласно Кривичниот законик. Ден претходно немаше ниту едно прекршување на полицискиот час, додека вкупната бројка сега изнесува 83.

– Во овој период вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин на тетовско подрачје е 210. Бројот на лица со потпишани изјави за самоизолација изнесува 55, истакна Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Покрај ова, реaлизирани се 67 контроли на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. ас/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска: Кој „не ги виде” машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Сообраќајка со пет возила на автопатот Штип – Миладиновци