ГРК Охрид потврди дека во клубот има нови четворица заразени со коронавирусот. Во неделата клубот потврди дека позитивни на вирусот биле еден играч и еден член на раководството.
Од клубот информираат дека лицата позитивни на коронавирусот се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба.
„ГРК Охрид ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија“.
Поради ширењето на вирусот Ракометната федерација на Македонија го суспендира првенството во А-групата во Суперлигата. Паузата во оваа група ќе трае најмалку 15 дена.
> Нови четворица заразени со Ковид-19 во ГРК Охрид <