Утрински Весник
Свет

Нови сто лица обвинети за напад над Капитол

Нови сто лица обвинети за  напад над Капитол

Министерството за правда на САД објави дека очекува да покрене обвинение против повеќе од 100 лица, кои се осомничени за учество во нападот на Капитол на 6 јануари, наведувајќи дека ова е веројатно една од најсложените истраги досега.

Повеќе од 300 лица веќе се соочуваат со обвиненија за насилно влегување во зградата на Конгресот, кога пет лица го загубија животот, а повеќе од 130 полицајци беа повредени.

Министерството за правда ги објави податоците за планираните нови обвиненија во документите доставени до судот, во кои во некои случаи побара дополнителни 60 дена за собирање докази, пренесуваат американските медиуми.

Истрагата и гонењето на одговорните за нападот врз Капитол веројатно ќе бидат меѓу најголемите судења во историјата на Америка, како во однос на бројот на обвинети, така и по природата и обемот на доказите, соопштија федералните обвинители.

Федералното биро за истраги се повеќе е насочено кон поврзување на осомничените со екстремно десничарски групи, како што се „Чуварите на заклетвата“ и „Гордите момци“.

Повеќе од 900 наредби за претрес досега се извршени во скоро сите 50 држави во САД и во Вашингтон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија