Во Центар продолжуваат активностите за заменување на старата и оштетена вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои се под надлежност на оваа скопска општина.
Денеска општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче“, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект Панорама.
Деновиве поставени се нови сообраќајни знаци и на други улици во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ОУ „11-ти Октомври“, на улица „Стив Наумов“ во близина на детската градинка „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка и на улиците „29-ти Ноември“ и „Радњанска“, во близина на ОУ „Коле Неделковски“.
Од општината нагласуваат дека со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта.