Утрински Весник
Македонија

Нови скандали на Рашковски: Уште еден неупотребен софтвер и незаконски тендер за софтверски лиценци

Cc6e76b5 7366 43bf afbc e3689923756e

Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, кој е во притвор поради набавката на софтвер од „Инвока“ за безбедност во сообраќајот што не се користи, набавил уште еден софтвер кој, прецизно кажано, се уште не е предаден на користење, објави Фокус.

Како што пишува најновиот број на неделникот Фокус, Рашковски во име на владиниот генерален секретаријат кон крајот на 2019 година склучил договор со охридската компанија „Ентер“ за набавка на софтвер за систем за координација во планирањето и спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој, во износ од 38,8 милиони денари.

Притоа, договорот е со времетраење од 5 месеци, со тоа што 3 месеци се предвидени за испорака и инсталација на софтверското решение, а 2 месеци за обука за користење на системот. Инаку, тендерската постапка за набавка на овој софтвер е спроведена според комбиниран модел, кој предвидува 60 бода за цена и 40 бода за квалитет, што овозможило да биде избрана повеќе од двојно поскапа понуда.

Според Фокус, Рашковски на заминување од функцијата склучил договор со конзорциумот „Аитоникс-Крејон“ тежок скоро милијарда денари за набавка на софтверски лиценци за администрацијата, но оваа постапка е спроведена со најниска цена како основен критериум, а освен тоа избришани се условите во однос на техничката и професионалната способност на компаниите.

Можете да прочитате

СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА: Ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија!

Големите комплекси на една мала политика

Димитровски од МАСИТ: Дигитализацијата е инвестиција, не ја гледајте како трошок