Утрински Весник
Свет

Нови сателитски снимки го откриваат степенот на уништување на Азовстал

Објавени се нови сателитски снимки од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град.

Снимките ги објави компанијата „Планет“, а се направени на 3 мај (насловна фотографија) и 4 мај (фотографија подолу), пренесе „Индекс“.

На фотографиите се гледа како чад се издига од неколку локации во челичарницата, која Русите со недели ја напаѓаат од воздух, од море и од копно.

Можете да прочитате

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави