Утрински Весник
Свет

Нови проблеми во Вухан, црвен аларм поради обилните дождови

Нови проблеми во Вухан, црвен аларм поради обилните дождови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинескиот град Вухан, како и провинциите Анхуи, Џиангкси и Жеџијанг прогласија црвен аларм поради обилните дождови.

Дождовите се закануваат дека ќе го подигнат нивото на реките и езерата и ќе создадат уште повеќе проблеми во земјата.

Вухан, кој се наоѓа на бреговите на Јангце, ги предупреди граѓаните да преземат превентивни мерки затоа што реките веќе го достигнале максималното ниво во нивните корита, пренесува „Ројтерс“.

Нивото на огромното вештачко езеро Три клисури е 10 метри повисоко од вообичаеното, со проток на вода од повеќе од 50.000 кубни метри во секунда.

Ситуацијата е слична и на другите езера и водотеци во споменатите провинции, наведува агенцијата и додава дека е прогласен и црвен аларм на езерото Таи недалеку од Шангај заради високото ниво на водата.

Поплавите што ја зафатија Кина претходните денови, влијаеја на градежниот сектор, но и на другите економски активности, велат аналитичарите, додавајќи дека поплавите во третиот квартал би можеле да влијаат на падот на БДП за 0,4 до 0,8 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати