Утрински Весник
Свет

Нови правила за влез во Словачка: Нема ПЦР тест за вакцинираните против Ковид-19

Нови правила за влез во Словачка: Нема ПЦР тест за вакцинираните против Ковид-19

Од денеска на лицата што патуваат во Словачка нема да им треба негативен ПЦР тест за коронавирус доколку имаат потврда за вакцинација или дека го прележале вирусот, изјави портпаролот на управата за јавно здравје, Даша Рачкова.

„Негативниот ПЦР тест исто така може да се замени со документ за вакцинација или со потврда за прележан Ковид-19 за граѓани на Словачка кои влегуваат на нашата територија и имаат привремен или постојан престој во соседните земји во радиус од 100 километри (од границата со Словачка)“, рече Рачкова.

Возачи на камиони, возачи на возови, пилоти, медицински тимови и вработени во погребални услуги исто така се ослободени од тестови и карантин.

Минатата недела Словачка ја одобри употребата на руската вакцина „спутник В“ против коронавирусот и со тоа стана втора членка на ЕУ, по Унгарија, што го направи ваквиот чекор иако Европската агенција за лекови не издаде одобрение за таа вакцина.

Можете да прочитате

Ценaтa на нафтата близу 67 долари

СЗО: Во Газа регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост

Се појави американскиот предлог до Путин за крај на војната