Утрински Весник
Економија

Нови повисоки цени на горивата

Нови повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на одлуката од минатата недела.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар/литар и ќе изнесуваат: за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 денaри, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56 денaри, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинсто (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден и пол денар, и од полноќ ќе изнесува 67,50.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување:кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

„Лидл“ организира настан за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук