Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нови ограничувања во цела Италија

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји
300x250 opst2

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата „Анса“, наведувајќи дека ограничувањата се засилени.

Врз основа на препораката на владиниот научен и технички комитет, кој ги следи, анализира и предлага епидемиолошките мерки, се засилуваат рестриктивните мерки на целата национална територија.

Според декретот на Министерството за внатрешни работи, зајакнати се полициските контроли, особено во деловите на градовите каде граѓаните најмногу се собираат.

Единствениот од 20-те италијански региони каде епидемиолошката состојба е под контрола, Сардинија, воведе обврска за тестирање за сите оние кои доаѓаат на островот.

Во повеќето региони, часовите во сите училишта се онлајн, повторно се воведени ограничувања за продавниците за храна, каде што е дозволено влегување на еден член на семејството, ограничување на движењето во една општина и забрането е преминување на општинските граници.

Во северниот регион Ломбардија, кој води според бројот на заразени и починати од почетокот на пандемијата, воведена е состојба пред карантин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари