Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нови мерки за невакцинираните во Германија

Нови мерки за невакцинираните во Германија
300x250 opst2

Канцеларката Ангела Меркел најави сериозни ограничувања за невакцинираните луѓе, надвор од моделот 2Г. Според пишувањата на медиумите, таа е крајно загрижена поради експоненцијалниот раст на инфекцијата.

Како што известуваат РТЛ и НТВ, наскоро би можело да се разговара дури и за построги правила од 2Г. Меркел и министерот за здравство, Шпан не исклучиле дневни тестови на работното место за невакцинирани луѓе.

Ширум Германија има седумдневен пораст на бројот на заразени. Во оваа земја, околу 67 отсто од населението, или 55,5 милиони луѓе, се сметаат за целосно вакцинирани против коронавирус.

Изминатите денови, вршителот на должноста федерален министер за здравство, Шпан, повика на дополнителни вакцини што е можно пошироко со цел да се заштитат од вирусот во претстојната зима.

Постојаната комисија за вакцинација препорачува „бустер“ засега само за оние над 70 години и ризичните групи. Ревакцинација за помладите од 70 години, кои се одамна вакцинирани.

Од установите за нега исто така се бара да обезбедат концепти за тестирање за есен и зима. Тие треба да „обезбедат задолжителни тестови за персоналот најмалку двапати неделно, без оглед на статусот на вакцинација“, се вели во нацртот, што го пренесува ДПА.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа