Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Париз – само велосипедистите и рекреативците не мора да носат маска

Нови мерки во Париз – само велосипедистите и рекреативците не мора да носат маска

Велосипедистите и рекреативците во Париз се изземени од новите мерки за носење маска на отворено, во борбата против коронавирусот, соопшти полицијата.

Од таму навеле дека полицајците првин ќе даваат усни опомени пред да почнат да пишуваат казни, додека многу луѓе останаа збунети каде треба, а каде не треба да се носи маска.

Од денеска, властите донесоа одлука за задолжително носење маска секаде во Париз. Досега, маските беа задолжителни само во прометните делови од градот.

Новите мерки се однесуваат на пешаците, на возачите на скутери и мотоцикли во Париз и неговите предградија. Возачите на автомобили не мора да носат маска.

Полицијата предупреди и дека трговските објекти во кои клиентите не носат маски, ќе бидат затворени.

Исто така, донесена е одлука дека децата постари од 11 години ќе мора да носат маски на училиште.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен