Утрински Весник
Свет

Нови гранатирања во Украина, погодена детска болница во Киев

Нови гранатирања во Украина, погодена детска болница во Киев
Dik 300x250 mk

Украинските агенции јавуваат дека Русите ја нападнале детската онколошка болница во Киев и дека има мртви, пренесува Киев Индипендент. Информацијата ја сподели и новинар на Би-би-си на својот Твитер профил.

Поранешниот преведувач на украинскиот претседател Јушченко во интервју за Си-Ен-Ен изјавил дека ракетите паднале врз детска болница во Киев. Тој кажал дека болницата не била далеку од неговата зграда. Изјавил дека едно дете наводно го загубило животот.

Медиумите јавуваат дека во тек e и страшно гранатирање на Харков.

Жестока офанзива и во Киев пишуваат на социјалните медиуми.

Украинските железници ја исклучија струјата на главната железничка станица во Киев поради ракетирање во нејзина близина. Си-Ен-Ен јавува дека има повеќе делови од Киев во темнина од безбедносни причини.

Можете да прочитате

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани