Утрински Весник
Спорт

Новиот сопственик на Челси: Ќе продолжиме да градиме победничка историја на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси од денеска и официјално има нови сопственици. За 4,25 милиони фунти, инвестицискиот фонд предводен од американскиот милијардер Тод Боли го купи клубот од „Стемфорд бриџ“.

„Наша чест е да го преземе Челси, еден од најголемите ангглиски и европски клубови. Визијата е јасна, би сакале да ги направиме нашите навивачи горди. Ќе инвестираме во инфраструктурата и во професионалниот погон, ќе работиме на подобрување на условите за младинскиот тим, ќе ги привлекуваме најголемите таленти и ќе продолжиме да градиме победничка историја за Челси“, изјави Тод Боли, кој ќе биде претседател на клубот.

Сега почнува нова ера за Челси, период по заминувањето на рускиот тајкун Роман Абрамович. Новите сопственици најавуваат и сериозни инвестиции во играчкиот кадар за следната сезона.

> Новиот сопственик на Челси: Ќе продолжиме да градиме победничка историја на „Стемфорд бриџ“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина