Утрински Весник
Спорт

Новиот дрес на Јувентус ги подели навивачите

Сите во фудбалскиот клуб Јувентус што псокоро ќе се обидат да ја заборават оваа сезона. Клубот избори пласман во Лигата на шампионите, но за прв пат по 10 години не успеа да освои ниту еден трофеј.

Клубот веќе ги започна подготовките за новата сезона.

Јувентус претпладнево го претстави дресот за сезоната 2022/2023.

„Старата дама“ ја продолжи соработката со „Адидас“. Од оваа компанија го подготвија дресот во традиционалната црно-бела боја, но дизајнот малку ги изненади навивачите на Јувентус.

Црните линии се направени на многу интересен начин и сигурно е дека овој дрес на Јувентус изгледа доста различно од претходните.

Првите реакции на фановите се поделени, но само поради фактот што дизајнот е навистина неочекуван.

Јувентус најголемиот дел од натпреварите ќе ги игра во овие дресови, а наскоро треба да бидат претставени и преостанатите две комплети дресови за новата сезона.

> Новиот дрес на Јувентус ги подели навивачите <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина