Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Новиот градоначалник на Кисела Вода ги собра клучевите од службените возила, ќе води строга контрола

Новиот градоначалник на Кисела Вода ги собра клучевите од службените возила, ќе води строга контрола
Img 7972

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил.

Како што најави во предизборната кампања, Oпштината ќе води строга контрола на сите службени возила и нивната употреба ќе биде наменска, рационална и исклучиво во корист на граѓаните.

Воедно, Ѓорѓиевски се откажува и од средствата предвидени за репрезентација на градоначалникот.

Вели дека тие ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта, односно нешта што навистина им се потребни на жителите.

„Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните“, наведува Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Два дена пред изборниот молк – Уставниот суд ќе расправа за исклучувањето на Левица од рекламирање

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

Кривична пријава за Лорета Георгиева, не пријавила стан во Скопје и земала патни трошоци