Утрински Весник
Свет

Новиот вид на коронавирус откриен во Париз и Њујорк

Новиот вид на коронавирус откриен во Париз и Њујорк

Новиот вид на коронавирус е откриен во Париз и во Њујорк, јавуваат властите во Франција и САД.

Генералниот директор на болничкиот систем во Париз, Мартин Хирш, утрово ја потврди информацијата во интервју за телевизијата Франс 2. Претходно и министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, во изјава за РТЛ наведе дека досега е потврдено присуство на новиот вид на коронавирус во 10 случаи.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, наведе дека новиот вид на Ковид-19 е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал.

Според Њујорк тајмс лицето, чиј идентитет не е откриен, се заразил во златара во Саратога Спрингс.

Куомо истакна дека во продавницата се разболеле уште три лица, но за нив се уште не е познато дали се заразени со новиот вид на коронавирус.

Новиот вид на Ковид-19 претходно во САД е регистриран во Колорадо и во Калифорнија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови погодиле два грчки танкера во Црното Море

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад