Американското филмско студио „Јуниверзал пикчрс“ соопшти во четвртокот дека го одложува глобалното деби на „Ф-9“, деветтиот дел на филмската сага „Брзи и бесни“, за 25 јуни.
Ова е последна во низата промени во календарот на холивудските студија, кои се обидуваат да проценат кога љубителите на филмот ќе се вратат во киносалите во поголем број.
Овој потег сигнализира дека „Јуниверзал“, единица на Comcast Corp., е уверен во закрепнување на лето, бидејќи вакцините против коронавирусот стануваат пошироко достапни во САД и Канада, кои заедно го сочинуваат најголемиот светски филмски пазар.
Киносалите во Њујорк, втора по големина регија на кино-посетители во САД, треба да започнат со повторно отворање во петок.
Деветтиот дел од сагата „Брзи и бесни“, под наслов „Ф-9“ е во режија на Џастин Лин и во него глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Џон Сена и речиси цела актерска екипа од претходно.