Утрински Весник
Магазин

Новиот албум на Били Ајлиш излегува на крајот на јули

Новиот албум на Били Ајлиш излегува на крајот на јули

Били Ајлиш ќе го издаде својот втор албум Happier Than Ever („Посреќна од кога било“) на 30 јули.

19-годишната суперѕвезда ја потврди веста и ја откри насловната фотографија на албумот во објава на Инстаграм во вторникот.

„Мојот нов албум Happier Than Ever излегува на 30-ти јули!“, напиша таа. „Ова е моето најомилено дело што некогаш сум го создала, многу сум возбудена и едвај чекам да го слушнете“.

Насловната фотографија на албумот го покажува новиот русокос изглед на Били.

Можете да прочитате

Дали сакате да бидете сити и полни со енергија- избегнувајте три намирници за појадок

Значењето на белата постела во хотелските соби

Колку долго луѓето можат да издржат без сон