Утрински Весник
Македонија

Новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат во втората фаза

Новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат во втората фаза

Новинарите и медиумските работници се опфатени во втората фаза за имунизација и спаѓаат во делот на категоријата граѓани од витални институции за функционирање на државата, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на средбата со Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Драган Секуловски извршниот директор на ЗНМ, и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ).

„Министерот Филипче на средбата информираше дека согласно Националниот план за КОВИД-19 вакцинација, новинарите и медиумските работници веќе се опфатени во втората фаза за имунизација и спаѓаат во делот на категоријата граѓани од витални институции за функционирање на државата, што значи дека новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат веднаш после завршување со вакцинирање на групите кои се предвидени во првата фаза, а за кои вакцинацијата започна вчера и е во тек“, соопштија од МЗ.

Вакцинацијата за новинарите и медиумските работници од радиодифузерите, печатените и он-лајн медиумите, на целата територија на државата, ќе биде доброволна.

Изготвувањето на списоците на заинтересираните вработени во медиумите за вакцинирање ќе треба да бидат поднесени од секој медиум поединечно, во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство. Терминот за вакцинирање на пријавените во медиумите ќе се утврдува согласно протоколите за имунизација на Министерството за здравство, а детали околу постапката за пријавување ќе следи во текот на следните две недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух на апостолите – Духовден

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град