Утрински Весник
Македонија

Нова кривична пријава против ексдиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство

Нова кривична пријава против ексдиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство

Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.

„ Пријавениот, во својство на овластено лице – директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари.

Притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје“ се наведува во соопштението.

Досега Поповски имаше неколку кривични пријави за злоупотреба на службената положба.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави