Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Нова грешка на Непо, Магнус Карлсен по петти пат светски шаховски шампион

Нова грешка на Непо, Магнус Карлсен по петти пат светски шаховски шампион
300x250 opst2

Јан Непомњашчиј се откаша по 49 потези и 3 часа и 21 минути во 11. партија за титулата , за Магнус Карлсен по четврти пат да ја одбрани светската круна во пресметката од 2 милиони евра во Дубаи, за да покаже дека е убедливо најдобриот шахист на денешницата.

Предизвикувачот повторно направи голема грешка и на крајот загуби по четврти пат, за да загуби со 7.5-3.5, најубедлива разлика во меч за светската титула по точно 100 години, кога Кубанецот Хозе Раул Капабланка го победи Емануел Лаксер во Хавана. 60 отсто од наградниот фонд оди кај Норвежанецот, додека 40 отсто добива Непомњашчиј.

„Секако, ми олесна. Тешко е да се чувствува голема радост кога ситуацијата беше удобна за мене, но имав добра партија. Задоволен сум од мојата игра, многу горд на шестата партија, која го постави патот до оваа победа. Резултатот можеби е поубедлив отколку што можеше да биде, но ќе го прифатам тоа“, вели Карлсен.

Непомњашчиј, пак, признава дека направил многу грешки.

„Секој меч е составен од повеќе аспекти. Не само шаховска подготовка, туку и физичка и психичка подготовка. Можеби беше пренервозно, но тензијата не беше причина да ги направам едноставните грешки. Што да кажам? Треба да пронајдам зошто е така и да се подобрам“, изјави популарниот Непо.

> Нова грешка на Непо, Магнус Карлсен по петти пат светски шаховски шампион <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг