Утрински Весник
Македонија

Нова градинка во Пролет со капацитет за 150 деца

Нова градинка во Пролет со капацитет за 150 деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Скопската населба Пролет ќе добие нова градинка. Со овој капитален проект Општина Центар поставува нови стандарди во грижата за најмладите и за заштита на животната средина, како и зголемување на капацитетите во градинките во Центар и подобрување на просторните и образовните услови за правилен раст и развој на децата од претшколска возраст.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Тој информира дека се работи за самоодржлива градинка и, како што рече, уникатна во однос на нејзината енергетската ефикасност и самоодржливост. Градинката ќе биде проектирана на 1.500 квадратни метри и со капацитет за 150 деца. Ќе биде 70 отсто самоодржлива, ќе бидат поставени сончеви колектори, енергетски ефикасна фасада, стаклена фасада на дел од прозорците, прочистувачи на воздух. Ќе бидат вградени природни материјали, кабинетите ќе бидат опремени со најсовремени наставни средства и интерактивни табли, ќе има антибактерски и антиалергени подови, ќе има топловодно подно греење во целиот објект.

Според идејното решение, како што информира Богдановиќ, ќе бидат обезбедени просторно и санитарно хигиенски услови и простории во самиот објект, предвидени се паркинг, простории за деца, за повозрасни групи, кујна, лифт, зелена површина, покривна градина…

Градоначалникот Богдановиќ нагласи дека ќе се реши проблемот на жителите на населбата Пролет и тие ќе ја имаат и најмодерната градинка. Потсети на изградбата на новото Основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар. мд/са/

Прес на граданочалникот на општина Центар Саша Богдановиќ

Posted by MИА.mk on Петок, 12 јуни 2020

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче