Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – На Јутуб каналот денеска излезе нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец.
На снимката се слуша како Мицкоски му вели на соговорникот дека треба да имаат директна комуникација, а не преку посредници на што Кичеец му вели дека тој е извршител и дека кога ќе му даде задача тој ќе ја изврши.
Мицкоски, како што се слуша во разговорот, му вели на Кичеец дека го имаат сликано како влегува кај Орце Камчев додека бил под ПИ мерки, на што се надоврзува женски глас “кога беше кај нас го имаат сликано како доаѓа“.
Зоран Милески-Кичеец, е осуден на три години затвор за предметот „Рекет“, во кој со првостепена пресуда се осудени и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. бк/ац/