Утрински Весник
Македонија

Нова анализа и мерки на Општина Битола во борбата против КОВИД-19

Нова анализа и мерки на Општина Битола во борбата против КОВИД-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 31 март 2020 (МИА) – Општина Битола продолжува со активни мерки за борба против ширење на КОВИД-19 и ги анализира состојбите на терен, информираа од општинскиот Кризен штаб.

Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска на работна средба со началникот на СВР-Битола Андреј Василевски, дополнителниот началник Славко Јовановски, претседателката на ОО на Црвен крст Битола Лилјана Ристевска, директорката на ЦЈЗ Елизабета Крстева, директорката на Клиничка болница-Битола Билјана Гагачовска, директорката на Домот за народно здравје Весна Спирковска и директорите на битолските јавни претпријатија, размениле информации од надлежност и, како што се посочува во соопштението, констатирале дека активностите на терен се реализираат без пречки и со взаемна соработка.

ЈП „Комуналец“ продолжува со третирање на јавните површини, продолжува дезинфекцијата на станбените единици, ЈП „Водовод“ го зголемиле процентот на хлор во водата, а ЈП „Пазари“ секојдневно врши дезинфекција на возилата кои вршат достава на производи на двата зелени пазари во овој град.

Од општинскиот Кризен штаб информираат дека преку ОО на Црвен крст во градот се поделени пакети со храна и средства за хигиена, и се врши прецизна евиденција за распределбата на хуманитарната помош.

Општинскиот Кризен штаб апелира граѓаните без потреба да не излегуваат од своите домови. мт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово