Утрински Весник
Свет

Новата мутација на коронавирус циркулира насекаде во Британија освен во Северна Ирска

Новата мутација на коронавирус циркулира насекаде во Британија освен во Северна Ирска
Dik 300x250 mk

Новата варијанта на Ковид-19, за која се верува дека е до 70 отсто попренослива, е распространета во секој дел на Велика Британија, освен Северна Ирска, изјави експерт за „Скај Њуз“.

Докторката Сузан Хопкинс, од Јавното здравство во Англија (PHE), вели дека новиот вид на вирусот претежно замал замав во Лондон и југоисточна Англија.

Но, исто така е откриено дека тој циркулира во секој регион на Англија, во Велс и во Шкотска, иако во многу мал број.

„Варијантата именувана како VUI-202012/01 има многу јасни генетски одлики што можеме да ги следиме“, вели Хопкинс.

Може да се открие преку секвенционирање на целиот геном, што трае две до три недели.

Покрај Велика Бриранија, погодени се и други земји.

„Сличен вид е откриен во Данска и Австралија, а има и други варијанти кои изгледаат многу слично на оваа, откриени во Јужна Африка, Холандија и други земји“, изјави Хопкинс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција