Утрински Весник
Македонија

Новата градинка во Бардовци со капацитет за згрижување на 78 деца

Новата градинка во Бардовци со капацитет за згрижување на 78 деца
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 78 деца од Злокуќани и Бардовци ќе се згрижат во новата градинка „Виножито“ во населбата Бардовци изградена со поддршка од Европската унија. Градинката е енергетски ефикасна и опремена со современи дидактички материјали и еко играчки.

Во посета на градинката денеска беа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

– Агендата на оваа Влада за инвестирање во предучилишно образование, во најмладите, односно во децата кои се на возраст до 5 години,  за да создадеме продуктивни граѓани кои понатаму ќе ја градат нашата држава, е еднаква со агендата на Европската Унија. Тоа е создавање на предучилишно образование кое е квалитетно. Не само што инвестиравме во 44 градинки каде реновиравме и го проширувавме капацитетот, туку отворивме и дополнителни 3.000 места за згрижување на децата во овие две и пол години, изјави Царовска по посетата.

Таа посочи дека се покачени платите на негувателките и воспитувачките со цел кадарот да биде помотивиран и дека се работи на посебна програма за предучилишно образование која треба да се имплементира во современи објекти.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Шкријељ најави дека заедно со Светска банка се обезбедени над 15 милиони евра за нови 7.500 места во градинките.

– Се трудиме подеднакво да инвестираме како во урбаните, така и во руралните средини, кои навистина, кога станува збор за детски градинки беа долго време запоставени, затоа што секое дете е битно за развојот и иднината на оваа држава, рече Шкријељ. ​

За градоначалникот на Карпош, Богоев градинката во Бардовци е одраз на конкретната поддршка од ЕУ.

– Иако градинките сега се затворени, како резултат на пандемијата од коронавирусот, слободно можам да кажам дека Карпош е општина во која детската заштита е на прилично високо ниво. Периодов се изврши неколкукратна дезинфекција на објектите на градинки, а за прв пат се направи и дезинфекција на сите душеци од креветчиња и теписи. На овој начин, ќе се спречи појавата на алергии и астма кај најмладите, рече Богоев.

Од Општина Карпош информираа дека моментално се работи и на реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Заменети се прозорците, обновени се тоалетите, а во претстојниот период целосно ќе се санира и фасадата. бак/сп/

Вицепремиерката Мила Царовска, заменик министерката Санела Шкријељ и градоначалникот Стефан Богоев во посета на градинката ,,Виножито” во Бардовци

Posted by MИА.mk on Среда, 24 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дождливото време ќе потрае – 24info.mk

Родител пријавил врсничко насилство: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка

Родител пријавил дека неговата ќерка била сексуално вознемирувана додека била на училиште