Моментно најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Отвореното тениско првенство на САД, јавуваат денеска голем дел од српските медиуми.
Иако Ѓоковиќ официјално не ја соопштил одлуката што со нетрпение се очекува кај северниот сосед, во текот на денот би требало да има официјализација.
Дилемите дали првиот рекет во светот ќе игра на САД опен уште повеќе се отворија откако и од неговиот тим потврдија дека Новак многу размислува на таа тема.
Се споменуваа и одредени потписи за своја одговорност и ризик кои играчите ќе мораат да ги стават за да настапат на првиот грен слем по паузата заради пандемијата на коронавирусот.
И престижниот „Њујорк тајмс“ со вест дека Србинот сепак ќе биде учесник на турнирот во Њујорк.
It has been quite a process and quite a behind-the-scenes and in-front-of-the-scenes debate. But world No. 1 Novak Djokovic plans to travel to the USA this week and will play the Western & Southern Open and the US Open. pic.twitter.com/IXoY4ervli
— Christopher Clarey (@christophclarey) August 13, 2020
Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа заразени со вирусот, двајцата сега се негативни, но Јелена, како што информираат, се уште не е 100-отстотно опоравена од вирусот.
Инаку, поради коронавирусот кој не запира, посебно не во САД, голем дел од тенисерите ги откажуваат настапите.
На Флешинг Медоуз годинава ќе ги нема Рафаел Надал, Роџер Федерер и Стен Вавринка.
> Новак Ѓоковиќ ќе игра на САД опен! <