Утрински Весник
Магазин

Новак падна во севдах – зеде микрофон и отпеа позната народна песна

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победата на овогодинешниот „Вимблдон“ ја прослави во ресторан.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот пред „Стар двор“ се одржа дочек за седмиот рекет во светот, насобраните можеа да уживаат во концертите на Саша Ковачевиќ и Дејан Петровиќ.

Прославата продолжи со мал круг на луѓе, а Новак, видно  опуштен заедно со сопругата Јелена, го отпеа еден од најголемите хитови на Халид Бешлиќ – „Миљацка“.

На социјалните мрежи беа споделени бројни видеа од прославата. На едно од нив се гледа како славниот тенисер го зема микрофонот, се врти кон сопругата Јелена и неа ѝ ги посветува стиховите на „Миљацка“.

„Кога ќе заврши со тенисот, може и во ‘Звезди на Гранд’ – големиот Новак Ѓоковиќ,“ гласи еден од коментарите на Твитер.

Српскиот тенисер ја одбрани титулата на Вимблдон, но тоа нема да му помогне на АТП-листата.  Тој падна четири места и сега е седми тенисер во светот бидејќи „Вимблдон“ годинава не се играше за бодови. Ова е одговорот на АТП и ВТА на одлуката на челниците на „Вимблдон“ дека руските и белоруските тенисери не можат да учествуваат во овој турнир.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста