Утрински Весник
Спорт

Новак го третираат како терорист – aвстралиски адвокат остро го осудува пристапот на властите кон Ѓоковиќ

Новак го третираат како терорист – aвстралиски адвокат остро го осудува пристапот на властите кон Ѓоковиќ

Грег Барнс, австралиски адвокат кој е специјализиран за случаи како оној на Ѓоковиќ, вели дека во овој случај, целосно на сила се спроведуваат австралиските закони кои се наменети за терористите.

„Еден од најопасните аспекти во случајот на Ѓоковиќ е подготвеноста на федералните власти да проценат дека некој е ризичен за јавниот ред само врз основа на она што тие веруваат дека би биле ставовите на тоа лице“, рече Барнс.

Медиумите потсетуваат дека властите му ја поништија визата на Ѓоковиќ бидејќи сметаат дека тој е закана за јавното здравје, и дека неговиот пример го потикнува лобито на антиваксери.

„Ова е Орвеловска ситуација и е длабоко проблематична во општество кое треба да се залага за слободата на говорот и слободата на мислата“, истакнува Барнс и додава:

„Министерот има толку широка и ефективна моќ што му дозволува да си поигрува со нечиј живот“, рече тој. „Неизбежно е што политичките последици ќе ја обликуваат оваа одлука, бидејќи концептот „јавен интерес“ е толку широк, иако теоретски ова не треба да се прави“, вели тој.

Под политика, Барнс ги подразбира претстојните избори што ќе се одржат во Австралија, како и многумина кои тоа го кажаа пред него.

> Новак го третираат како терорист – aвстралиски адвокат остро го осудува пристапот на властите кон Ѓоковиќ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина