Утрински Весник
Свет

Нобеловата награда за мир доделена на Светската програма за храна

Нобеловата награда за мир доделена на Светската програма за храна

Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир за нејзините напори да се бори против гладот ​​и несигурноста во снабдувањето со храна ширум светот (ООН), рече претседателот на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсен, а пренесе АП.

Оваа година како можни фаворити за наградата беа издвоени шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, рускиот дисидент Алексеј Навални и Светската здравствена организација поради напорите за борба против пандемијата на коронавирусот.

Наградата од 10 милиони норвешки круни или близу 935.000 евра и златен медал ќе се додели на церемонијата во Осло на 10 декември. Годинешната церемонија ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на коронавирусот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран