Утрински Весник
Свет

Нмалено нивото на опасност за цунами на Нов Зеланд

Нмалено нивото на опасност за цунами на Нов Зеланд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Властите на Нов Зеланд го намалија нивото на предупредувања за цунами издаденo по третиот силен земјотрес со епицентар недалеку од Кермадек.

Како што наведуваат тамошните медиуми, во некои градови владеела паника бидејќи стотици луѓе се обиделе да достигнат некои повисоки места поради предупредувањето за цунами, но вчера попладне властите објавија дека поминале најголемите бранови, а на жителите им беше кажано дека можат да се вратат дома со предупредување да се држат подалеку од плажите.

Владината агенција за геолошки истражувања на Јужна Австралија (ГССА) објави дека се регистрирани приближно 25 помали земјотреси со јачина од 5 и повеќе степени, по силниот земјотрес крај брегот на островот Кермадек, пренесува Тасс.

Претходно, Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд соопшти дека третиот земјотрес што ја погоди областа во петокот наутро бил со јачина од 8,1 степен, а жителите на некои области добиле предупредувања за итни случаи на нивните телефони со повик да ги напуштат своите домови додека надвор се огласиле сирени.

Јужниот пацифички архипелаг Нова Каледонија и Вануату исто така се предупредени да се подготват за опасни бранови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични