Утрински Весник
Спорт

Ништо од дуелот Роналдо-Меси, Португалецот нема да игра против Барса

Ништо од дуелот Роналдо-Меси, Португалецот нема да игра против Барса

Кристијано Роналдо поради коронавирусот ќе го пропушти натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Втор пат во последните дена тестот што му бил направен на Португалецот бил позитивен.

Ова значи дека Роналдо ќе мора уште некој ден да мине во домашен карантин што значи дека нема да игра против Верона на 25.октомври во Серија А и три дена подоцна против Барселона.

Оваа информација ќе ги разочара фудбалските фанови кои со нетрпение го чекаа првиот дуел помеѓу Роналдо и Меси, по пауза од две години.

> Ништо од дуелот Роналдо-Меси, Португалецот нема да игра против Барса <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027