Утрински Весник
Македонија

Ниту еден граѓанин на истокот не го прекршил последниот полициски час

Ниту еден граѓанин на истокот не го прекршил последниот полициски час

 Штип, 27 мај 2020 (МИА) – СВР-Штип во последната вечер на полицискиот час нема евидентирано случаи на непочитување на забраната за движење. Но, бележи 45 прекршоци на мерките за неносење на лична заштита.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение до медиумите наведува дека за изминатиот период на подрачјето на СВР-Штип на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а две лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 63 контроли кај лица во изолација и 33 кај лица во самоизолација, а пет лица не ја почитувале мерката за самоизолација.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање