Утрински Весник
Спорт

Ниниголан сака да се врати во Рома

Наинголан: Ќе му покажам на Интер дека направи грешка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 26 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан, изнајмен од Интер, би сакал да се врати во Рома.

– Не сакам да ги навредувам навивачите на Интер, но тажно ми беше што ја напуштив Рома, рече Наингголан во живо на Инстаграм. – Што се однесува до тоа дали ќе се вратам кај Римјаните – ако условите се соодветни, ќе се вратам.

Поминав прекрасни години во Рим. Ова е клуб кој ме сака и на кој дадов сè. Во Рома сè беше толку природно за мене што ми недостасува сè. Ајде да видиме, вратата е секогаш отворена, додаде 31-годишниот белгиски фудбалер.

Во тековната сезона, Наинголан настапи на 24 натпревари на сите турнири, во кои постигна пет гола и оствари шест асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025